Учениците од Кратово добија нова спортска сала

Новата сала во ОУ “Кочо Рацин“ во Кратово Фото: mon.gov.mk

 Проект: Изградба на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“.

Опис на проектот: Заради поттикнување правилен психофизички развој и поттикнување на спортскиот и на натпреварувачкиот дух кај младите и кај возрасните, во соработка со Владата на Република Македонија ќе изградиме спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“. Извори на финансирање: Буџет на Република Македонија (Рок: декември 2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот за изградба на спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ е исполнето ветување на градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски. Проектот е дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Кратово!“ (стр.21).

На 27.02.2016 година, Канал 5 објави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил во посета на Кратово, со цел да направи увид во градежните активности на спортската сала на училиштето „Кочо Рацин“.

Во Кратово пак беше направен увид во градежните работи на спортската сала на училиштето Кочо Рацин. По нејзиното завршување во целост ќе се задоволат потребите на основното но и средно училиште за одржување настава.

Веста за увидот во изградбата на салата беше објавена истиот ден и на официјалната веб страна на Министерството за образование и наука (МОН).

Спортската сала која што се очекува да биде завршена до крајот на оваа 2016 година, е со површина од 650м2, ќе има вградени гардероби, туш-кабини, простории за сместување на спортските реквизити, како и посебни простории за наставниците по спорт и спортски активност.

Иако најавите во програмата на градоначалникот Андоновски и на МОН, биле дека салата ќе биде завршена до крајот на 2016 година, сепак таа била пуштена во употреба неколку месеци подоцна.

Веста дека учениците во Кратово добиле нова спортска сала, медиумите ја објавија на 10.05.2017 година.

Учениците во ОУ „Кочо Рацин“ во Кратово од неодамна часовите по физичка култура ги одржуваат во нова спортска сала изградена во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, јави Телеграф.

Веста беше објавена и на официјалната страна на МОН.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска присуствуваше на отворањето на новата спортска сала во состав на основното училиште “Кочо Рацин“ во Кратово, која започна да се гради на почетокот на минатата година.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, за изградба на нова спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ е исполнето ветување, со забелешка дека тоа е направено со задоцнување од неколку месеци.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска