Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ во с. Петровец учат во нова училишна зграда

ОУ „Кочо Рацин“ во с. Петровец Фото: Општина Петровец

Проект: Изградба на нов училиштен објект при ОУ „Кочо Рацин“ во с. Петровец.

Опис на проектот: Со цел подобрување на условите за реализација на наставата и создавање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес, што придонесува за правилен психофизички пораст и развој на учениците и нивно образовно профилирање, ќе изградиме комплетно нова училишна зграда во с. Петровец од 3.500 квадратни метри, со капацитет за 650 ученици. (Извор на финансирање: Меѓународни финансиски институции  (Рок: јуни 2014 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето за изградба на нов училиштен објект при ОУ „Кочо Рацин“ во с. Петровец е исполнето ветување на градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски. Проектот е дел од неговата предизборна програма за локалните избори 2013-2017 година насловена како:  „Нови дела за општ напредок, нови дела за подобра Општина Петровец!“ (стр. 21).

На 29.01.2014 година, тогашниот министер за образование и наука Спиро Ристовски, заедно со градоначалникот Митевски, како што јави порталот Максим, го посетиле новиот објект во градба на основното училиште „Кочо Рацин“ во Општина Петровец.

Градоначалникот на Петровец Борче Митевски истакна дека новото училиште ќе има 3.500 квадратни метри на приземје и спрат, ќе има 27 училници за 680 ученици. Новиот објект ќе биде готов за 15 месеци.

На 07.05.2015 година, дел од медиумите објавија информација дека е отворен нов училиштен објект во Општина Петровец.

Основците од селата Петровец, Ржаничино, Чојлија, Катланово и Огњанци кои посетуваат настава во училиштето “Кочо Рацин” наместо во старите дотраени бараки, од денеска ќе учат во нова, модерна училишна зграда. Училиштетото е опремено со современи кабинети, а за потребите на учениците во функција е и новата спортска сала која е изградена минатата година, јави весникот Вечер.

Веста беше пренесена и на 10.05.2015 година на официјалната веб страна на Општина Петровец.

На 07.05.2015 година свечено се пушти во употреба новата училишна зграда на Ц.О.У. ,,Кочо Рацин,, во Петровец на кое отварање со сечење на лента присуствуваа Премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски,заменик министерот за образование г-дин Спиро Ристевски и градоначалникот на Општина Петровец г-дин Борче Митевски кој воедно се обратија пред присатните гости и ученици и посакаа училиштето да го користат уште долги генерации на ученици.

На 27.08.2017 година, Курир објави информација дека градоначалникот Митевски дал отчет за сработеното во мандатот 2013-2017 година. Во Отчетот, тој ја спомнува и изградбата на новата училишна зграда на ОУ „Кочо Рацин“.

После 50 години изградена е нова училишна зграда за училиштето Кочо Рацин во Петровец…

Имајќи го предвид сето погоре, може да се заклучи дека ветувањето на градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, за изградба на нов училиштен објект при ОУ „Кочо Рацин“, е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција