Учениците од прилепската населба „Тризла“ добија бесплатен превоз

Бесплатниот превоз за околу 110 деца од населбата „Тризла“ е организиран во две смени Фото: prilep.gov.mk

Обезбедување превоз за учениците од населбата „Три Багреми“ до ОУ „Добре Јованоски“

[Извор: Изборна програма на Илија Јованоски за локалните избори 2017-2021 – „Живот во Прилеп за сите“ (стр.39), датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на  Прилеп Илија Јованоски, за локалните избори (октомври 2017 г.),  како кандидат на СДСМ за градоначалничата функција, вети  дека ќе биде обезбеден превоз за учениците од населбата „Три Багреми“ до ОУ „Добре Јованоски. Ова ветување на Јованоски дадено во неговата изборна програма: „Живот во Прилеп за сите“ (стр.39),  е исполнето .

Бесплатниот училиштен превоз за околу 110 деца од месноста „Три багреми“ и од улиците „Моравска“ и „Дабничка“ во населбата „Тризла“  стартуваше од 13.02.2018 година. Според информацијата објавена во медиумите, за овие ученици Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање – Прилеп, воведе посебена линија.

Во врска со ова, директорот на Јавното претпријатие за урбанистичко планирање – Прилеп, во изјава за медиумите кажа:

Бесплатниот превоз за учениците е организиран во двете смени за двата правца, од 6:30 часот за учениците од првата смена и од 12:30 за учениците од попладневната смена. Навечер, по часовите, од 18:30 часот учениците повторно организирано ќе бидат вратени дома. Опфатени се сите ученици од прво до осмо одделение што учат во основното училиште „Добре Јованоски“ во населбата Тризла.

 Информација  дека е обезбеден  бесплатен јавен превоз за учениците од населбата „Тризла“, е објавена и на веб-страницата на Општина Прилеп.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција