Училиштето „Кирил и Методиј“ во Општина Гази Баба доби нов кров и подови

vmro-dpmne-logo

 

Реновирање, односно замена на покрив и на подови во ОУ „Кирил и Методиј“. (Рок: септември 2016 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, за локалните избори во 2013 година вети „замена на покрив и на подови во ОУ „Кирил и Методиј“, со рок на реализација септември 2016 година. Ова  изборно ветување на Трајковски, дадено во неговата изборна Програма : „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобра Општина Гази Баба“ (стр.24), е исполнето.

Споменатото основно училиште кое се наоѓа во селото Стајковци, според информациите објавени во медиумите, е реновирано летото 2016 година.

Нов покрив и под доби основното училиште „Кирил и Методиј“ во Општина Гази Баба со помош на Министерството за образование и наука.

Во Отчетот на градоначалникот Трајковски за сработеното во четиригодишниот мандат (2013 – 2017) на страница 46 е наведено дека во ова училиште, меѓу другото, е направена

  • Реконструкција на покрив во училишна зграда во Стајковци, 1.000 м²(во соработка со МОН) ….. (2016)

  • Реконструкција на подови во Стајковци, 1700 м² (2016)

Исто така, во  Отчетот на Трајковски се објавени фотографии од кои се гледа дека   ОУ „ Кирил и Методиј“ во с. Стајковци,  е реновирано.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *