Укината е наплатата на паркинг во штипска „Автокоманда“

Во февруари укината наплатата на 200 паркинг места во Штип Фото: stip.gov.mk

 

ВЕТУВАЊЕ: Укинување на платен паркинг во населба „Автокоманда” 

[Извор: Изборна програма на Благој Бочварски за локални избори 2017 година,  „Живот во Штип за сите“. Страна 29, датум: октомври 2017]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски  дека ќе биде укината наплатата на паркинг во населбата „Автокоманда“ (Штип), дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), е исполнето. Проектот е дел од неговата предизборна програма за локалните избори  насловена како: „Живот во Штип за сите “,  во делот „МЕСНИ  ПРОЕКТИ“ – Урбана заедница „Автокоманда“(стр.29).

Во почетокот на февруари (2018) Советот на Општина Штип донесе одлука со која се укинува наплатата на паркинг на неколку фрекфентни локации во градот. На 06.02.2018 година медиумите пренесоа изјава на градоначалникот Бочварски во која тој соопштува дека се укинува плаќањето паркинг на сите улици околу градскиот пазар, што значи големо олеснување на земјоделските производители од регионот кои секојдневно, а посебно во четврток и петок, доаѓаат на пазар во Штип. Бочварски тогаш  објави дека над 200 паркинг места во Штип се укинати за наплата.

На  улиците ,,Сутјеска’’ и ,,Митко Соколов’’ е укинат платениот паркинг, но паркинг местата на овие улици остануваат во функција. Во централното градстко подрачје, на улиците ,,Љубен Иванов’’, ,,Борко Талев’’ и ,,Козјак планина’’ се укинува наплатата, но се укинуваат и паркинг местата.

Ваквата одлука е изгласана на последната седница на Советот, а на сила стапува од денес.

Се работи за една мерка со којашто сакаме да го растовариме домашниот буџет на граѓаните, бидејќи во овој дел од градот сметаме дека не е потребно да се наплаќа за паркинг простор. Централното градско подрачје е така организирано и во овој момент така функционира, меѓутоа во „Автокоманда“, така како што ветивме така и реализираме, изјави Бочварски во февруари оваа година.

Веста беше пренесена и на официјалната веб – страница на Општина Штип

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ветувањето на Бочварски за укинување на платен паркинг во населба „Автокоманда е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција