Улицата „Крушевска Република” во Штип доби нов асфалт
Да поставиме нов асфалт на улица „Крушевска Република” во должина од 500м спој со ул. „Лески”
[Извор: Изборна програма на Благој Бочварски за локални избори 2017 година, „Живот во Штип за сите“ (стр. 26), датум: октомври 2017]
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Ветувањето на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски дека ќе биде поставен нов асфалт на улицата „Крушевска Република“ , дадено во кампањата за локалните избори (октомври 2017 година), е исполнето. Проектот е дел од неговата предизборна програма „Живот во Штип за сите “, во делот „МЕСНИ ПРОЕКТИ“ – Урбани заедници „Баби” и „Дузлак”(стр.26).
На 22 август (2018) градоначалникот на Штип, Бочварски, изврши увид во градежните активности за рехабилитација и санација на улицата „Крушевска Република“ во населбата Баби. Во дел од медиумите беше пренесена изјава од градоначалникот Бочварски во која тој вели:
Пред неколку дена објавивме дека Општина Штип започнува голема градежна офанзива со големи инвестиции во висина од 2.6 милиони евра. Денеска продолжуваме со промовирањето на сите градежни зафати коишто ги започнавме и ќе ги спроведуваме во наредниот период… На улицата „Крушевска Република“ ќе асфалтираме површина од 1300 метри квадратни, а рехабилитацијата и санацијата на оваа улица Општина Штип ќе ја чини некаде околу 450.000 денари
Информација и фотографии поврзани со градежните активности на улицата „Крушевска Република“ во населбата „Баби“, се објавени и на веб-страницата на Општина Штип.
На 30 август на веб-стрницата на Општината е објавено дека заврши санацијата и рехабилитацијата на улицата „Крушевска Република“, а истата информација може да се прочита и во дел медиумите.
Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека ова изборно ветување на Бочварски е исполнето
ИЗВОРИ:
- Изборна програма на Благој Бочварски за локаните избори 2017 година – „Живот во Штип за сите“(стр.26) [Пристапено на 21.09.2018]
- Веб-страница на Општина Штип (22,08.2018): Рехабилитација и санација на улицата „Крушевска Република“[Пристапено на 21.09.2018]
- Грид.мк (22.08.2018): Рехабилитација и санација на улицата „Крушевска Република“[Пристапено на 21.09.2018]
- А1 ОН (22.08.2018): Рехабилитација и санација на улицата „Крушевска Република“[Пристапено на 21.09.2018]
- Веб-страница на Општина Штип (30.08.2018): Асфалтирање на улицата „Иво Лола Рибар“ [Пристапено на 21.09.2018]
- Грид.мк (30.08.2018): Се асфалтира улицата „Иво Лола Рибар“ во Штип [Пристапено на 21.09.2018]
- Сител (30.08.2018): Се асфалтира улицата „Иво Лола Рибар“ во Штип [Пристапено на 21.09.2018]
Оцени: Оливера Војновска
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар