Улицата „Влае“ доби нов асфалт

vmro-dpmne-logo

 

Проект: Асфалтирање на улица „Влае“. ( Рок 2017 година)

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „Асфалтирање на улица „Влае“ “ е исполнето ветување на градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски. Проектот е дел од неговата изборна програма со која настапи на локалните избори 2013-2017 година, насловена како „Визија за Карпош“. Ветувањето се наоѓа во делот посветен на проектите предвидени за мандатот од 2013-2017 година за Урбана заедница „Влае 1“ (стр.34).

На 26.06.2017 година, на официјалната Фејсбук – страница на Општина Карпош беше објавена информација дека е во тек асфалтирање на улицата Влае.

Асфалтирање на ул.Влае во должина од 800метри со сите нејзини краци. Вредност 3,5 милиони денари. Изведувач: “Ве Груп”

Два дена подоцна, на 28.06.2017 година, исто така на официјалната Фејсбук – страница на Општината, беше објавена фотографија со информација дека улицата Влае доби нов асфалт.

Имајќи предвид дека мандатот на градоначалникот Јакимовски е формално истечен во мај 2017 година, но е продолжен до локалните избори кои треба да се одржат на 15 октомври 2017 година, може да се заклучи дека неговото ветување за асфалтирање на улицата Влае е исполнето.

 

ИЗВОРИ:

  • Изборна програма за локални избори 2013-2017 година на Стевчо Јакимовски – Визија за Карпош (стр.34) [Пристапено на 29.06.2017]
  • Официјална Фејсбук страна на Општина Карпош (26.06.2017) , (28.06.2017) [Пристапено на 29.06.2017]

 

Оцени: Ана Анастасовска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *