Ваљон Сарачини: Колкав е соодносот меѓу приватните трансфери и странските директни инвестиции

vallon-sarachiniНа 16 јануари 2014 година, на конференција со иселениците насловена Дијаспора Инвест на тема како приватните трансфери на пари на иселениците  да се претворат во инвестиции во Македонија, министерот за економија, Ваљон Сарачини, изјави:

Министерот Сарачини ги посочи официјалните статистички податоци според кои во 2012 година приватните трансфери од странство во државава изнесувале околу 1,6 милијарди евра или 20 отсто од бруто домашниот производ.

– Овие приватни трансфери се за 8 до 10 отсто поголеми од директните странски инвестиции и целта е тие да се конвертираат во конкретни инвестиции со што ќе се отворат повеќе работни места што пак ќе донесе и поголем економски развој.

Како што е познато, ваквиот сооднос меѓу приватните трансфери и странските директни инвестиции не е точен.

Ова би значело дека ако приватните трансфери се 1,6 милијарди евра (поточно 1,63 милијарди евра) тогаш странските директни инвестиции (СДИ) би требало да бидат меѓу 1,47 и 1,5 милијарди евра. Се разбира, ова едноставно не е можно и никогаш не се случило во земјава, а најверојатно нема ни да се случи барем во следните 15-20 години. Највисокото ниво на СДИ во Македонија се случи во 2007 година кога тие изнесуваа 506 милиони евра, додека во 2012, годината со која се прави споредба со приватните трансфери, СДИ изнесуваа минорни 72 милиони евра или 22 пати помалку. Лани состојбата е нешто подобра и СДИ за првите 9 месеци од 2013 изнесуваат 208,8 милиони евра.

Инаку, ова не првпат Сарачини да изнесе неточни податоци за економски показатели. Тоа се случи и само 6 недели претходно, односно на 4 декември 2013 година за време на посетата на унгарска деловна делегација во земјава. Еве што тогаш изјави министерот за економија:

Република Македонија и Унгарија, оваа година во услови на криза за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена, која изнесува некаде околу половина милион долари. Македонија бележи и раст воопшто на извозот за посочениот период од 20 отсто. Ова го истакна министерот за економија Ваљон Сарачини  на втората седница на Мешовитата македонско-унгарска меѓувладина комисија за економска соработка што денеска се одржа во Скопје.

– Ова мора да се потенцира затоа што во услови на криза кога во земјите во регионот паѓа трговската размена во РМ имаме навистина сериозно зголемување и не само со Унгарија. Извозот на РМ за првите девет месеци во 2013 за разлика од првите девет месеци во 2012 расте за некаде околу 20 проценти, изјави Сарачини.

Се разбира, во првите 9 месеци лани извозот на земјава во никој случај не доживеа раст од 20 отсто, туку само 4,5 отсто. Еве ги податоците:

Наводрешно-трговска размена на Република Македонија

јануари-септември 2012 (во илјади САД долари)

јануари-септември 2013 (во илјади САД долари)

Раст (%)

Извоз

2.929.192

3.085.397

4,5

Увоз

4.690.036

4.780.933

1,0

Вкупно

7.619 228

7.866.330

2,3

Извор: Државен завод за статистика овде (2012) и овде (2013) – ПДФ датотеки за преземање

Она што треба да се знае е и фактот што извозот на Македонија во првите 9 месеци лани порасна за 4,5 отсто откако во 2012 падна дури 12,2 отсто, што значи дека лани само донекаде бил покриен прекланскиот пад.

Исто така, ни трговската размена не доживеа никакво „сериозно зголемување“ и тоа ни со светот, ниту со Унгарија. Растот на трговската размена во првите 9 месеци лани беше само 2,3 отсто, додека со Унгарија само 1,1 отсто. Еве ги податоците:

Наводрешно-трговска размена меѓу Македонија и Унгарија

јануари-септември 2012 (во милиони САД долари)

јануари-септември 2013 (во милиони САД долари)

Разлика 2013 минус 2012 (во милиониСАД долари)

Извоз

7,43

5,65

-1,78

Увоз

37,89

40,79

2,9

Вкупно

45,32

46,44

1,12

Извор: Народна банка на РМ – овде (1994-2013) – Microsoft Excel датотека за преземање 

Линкови:

За првата изјава:

За втората изјава:

Оценето од Владимир Петрески

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција