Венко Филипче

 

 

На  25.12. 2017 година  Венко Филипч е избран за министер за здравство во Владата на Република Македонија

ПРИВАТЕН ЖИВОТ

Неврохирургот д-р Венко Филипче е роден на 13.6.1977 година, во Скопје. Тој е оженет  и татко е  на еден син.

 

 

ОБРАЗОВАНИЕ

Средно образование завршил во Скопје на 10.6.1995 година . Со високо образование се стекнал на Медицинскиот факулте во Скопје каде  дипломирал на 10.7.2001 година, со просечен успех 9,65. Во 2008 година  ја завршил специјализацијата по неврохирургија. Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.

Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.

Во 2012 година завршил fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.

Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.

Активно се служи со англискиот јазик

 

КАРИЕРА

Д-р Венко Филипче е избран за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција доцент на медицинскиот факултет во Скопје.

Избран е за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.

Во 2017 е избран за доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Д-р Венко Филипче е и секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 бил организатор на Македонско-Јапонската невроваскуларна конференција.

На  25.12. 2017 година  Венко Филипч е избран за министер за здравство во Владата на Република Македонија, откако од Министерството си замина Арбен Таравари кој беше избран за градоначалник на  Општина Гостивар.

Изборот на Филипче наиде на реакции во јавноста и меѓу граѓаните на социјалните мрежи.  Тој  бил  советник и на поранешниот министер Никола Тодоров, во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ, а јавноста го памети и како член на Професоркиот контра пленум, за што тој се правдаше „дека не знаел што потпишува бидејќи специјализант наводно му подметнал на потпише листа во која станува збор за реформи во Медицинскиот факултет“. 

 

ИЗВОРИ:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција