Верушевски со заверена изјава ја потврдил автентичноста на прислушуваните разговори

 

 

„Со цел да ја провери автентичноста и веродостојноста на материјалите ЗЗ го контактирал сведокот Зоран Верушески, поранешен директор на УБК. Откако сведокот се запознал со содржината на материјалите го известил оштетениот ЗЗ дека согласно со неговите стручни знаења материјалот е веродостоен и автентичен и не е возможно прислушување и тонско снимање на телефонски разговори преку мобилен телефон во тој обем, без учество на МВР, односно УБК во таквата операција“, се вели во пријавата на СДСМ, која партијата лани ја достави до Јавното обвинителство по повод незаконското прислушување

 

Пишува: Александра Денковска

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ-Латас, рече дека во Обвинителниот акт, кој е потпишан од Јавниот обвинител, Марко Зврлевски, пишува дека прислушувањето е направено во Управата за безбедност и контраразузнавање и од опремата која ја поседува УБК.

Истиот тој Зврлевски во обвинителниот акт против Заев потврдува дека прислушувањето е направено во тајните служби и дека тоа е направено со опрема на петата управа – рече Заев во интервјуто. [Извор:Сител Видео: 8.20-9.4 Датум: 10.02.2016 ]

Адвокатот на Заев, Филип Медарски во телефонски разговор за „Вистиномер“ го потврди тврдењето на лидерот на опоцизијата во интервјуто кај Латас.

Да, точно е дека во Обвинителниот акт пишува дека прислушувањето е направено во просториите на тајната полиција – рече Медарски.

СДСМ преку лидерот на партијата кривичната пријава за прислушување ја поднесе на 10 февруари, само еден ден по прес-конференцијата на која ја објави првата „бомба“ и кажа дека УБК незаконски прислушувале над 20.000 граѓани. Заев рече дека овие разговори се само дел од она што следува. Тој рече дека прислушувани биле сите општествено значајни личности, цело судство, Синодот на МПЦ, невладини организации, новинари, а имало и разговор меѓу водителот Драган Павловиќ-Латас и Мартин Протоѓер.

За време на изборите, ги злоупотребувале државните служби за да имаат 24 часа извештаи. Секој разговор, секоја комуникација и сето ова со државни пари и со целосно кршење на Уставот. Ние ќе поднесеме кривична пријава против Сашо Мијалков и Горан Груевски, раководител на Петта управа и Н.Н. вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање – изјави Заев на прес-конференцијата на која ги најави „бомбите“.

Лидерот на опозицијата тогаш додаде и дека ќе побараат од Јавното обвинителство да направи автентично вештачење на аудио снимките.

Во кривичната пријава до која дојде „Вистиномер“, пишува дека Мијалков и Груевски заедно со други непознати непознати лица спротивно на Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка, како службени лица повеќекратно континуирано во периодот од 17.05.2011 до неутврдена дата во 2014 година неовластено ги прислушувале и тонски ги снимале разговорите на Заев. Според Заев, тој бил прислушуван во вкупно 311 наврати, а пријавените сториле кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ од членовите 151, 22 и 45 од Кривичен законик.

Во образложението се вели дека во текот на август 2014 година непознати лица, вработени во УБК, на Заев му предале материјали кои според нивното тврдење потекнувале од неовластено прислушувње и тонско снимање. Заев потврдил дека разговорите, кои ги добил од вработените во УБК и чиј идентитет одбил да им го открие поради безбедност, се автентични.

За докази во кривичната пријава Заев понудил Це-Деа со снимени вкупно 311 разговори и исказ од Зоран Верушевски, поранешен директор на УБК. Како образложение, Заев во кривичната пријава навел дека со Верушевски контатирал за да ја утврди автентичноста и веродостојноста на материјалите.

Со цел да ја провери автентичноста и веродостојноста на материјалите ЗЗ го контактирал сведокот Зоран Верушески, поранешен директор на УБК. Откако сведокот се запознал со содржината на материјалите го известил оштетениот ЗЗ дека согласно со неговите стручни знаења материјалот е веродостоен и автентичен и не е возможно прислушување и тонско снимање на телефонски разговори преку мобилен телефон во тој обем, без учество на МВР, односно УБК во таквата операција, се вели во пријавата.

Откако ги разгледал материјалите, Верушевски рекол дека согласно со неговите стручни знаења материјалот е веродостоен и автентичен и не е возможно прислушување и тонско снимање на телефонски разговори преку мобилен телефон во тој обем, без учество на МВР, односно УБК во таквата операција.

Во пријавата Заев му предлага на Јавното обвинителство да нареди изготвување на вештачење на материјалите од независна институција во странство, затоа што не постои домашна, високообразовна установа или вешто лице кое би можело да изготви вакво вештачење.

Со цел да се утврди веродостојноста, односно да се утврди дека не се работи за монтирани материјали, предлагаме ЈО да нареди изготвување на вештачење од независна институција в странство, Ова од причина што не постои домашна, високообразовна установа или вешто лице кое би можело да изготви вакво вештачење. Со вештачењето бараме да се утврди дали се работи за монтиран или автентичен материјал, дали трета неповикана страна која не е вклучена во законскиот процес на следење на комуникации може технички да има пристап до воспоставениот систем за следење на комуникации, таквиот пристап би бил регистриран, дали секој овластен пристап кон постоечкиот систем за седење на комуникации се регистрира и остава трага кај МВР и операторот и дали прислушуваните материјали кои се даваат кон доказ на оваа кривична пријава постои соодветен траг во постоечкиот систем за следење на комуникации законски поставен меѓу МВР и операторите, пишува во кривичната пријава. 

Исто така во образложението од пријавата се предлага да се провери дали постоечките оператори ги презеле сите обврски кои се однесуваат на безбедноста и интегритетот на јавните електронски комуникациски мрежи и дали операторите евидентирале и пријавиле неовластен обид за пристап или пристап во законски поставениот систем на комуникации.

Понатаму со оглед на обврската од ЗЕК дали постоечките да се провери оператори имаат постапено согласно ваквите обврски и ги презеле сите обврски кои се однесуваат на безбедноста и интегритет на јавните електронски комуникациски мрежи како и заштита и безбедност на податоците, дали евентуално операторите имаат евидентирано и пријавено неовластен обид за пристап или пристап во законски поставениот систем за следење на комуникации или пак имаат евидентирано и пријавено неовластен обид за пристап или пристап вон законски воспоставениот систем за следење на комуникации и доколку имало на кој начин и од каде е направен неовластениот обид или пристап, наведено е во пријавата.

Но, како што е познато, лентите со прислушуваните разговори, според одлука на судија по претходна постапка уште во текот на тајните предистражни дејствија без исклучени од доказната постапка, односно ба обвинителите им беше забрането да ги користат како докази. Со ова, се доведува во прашање било какво нивно вештачење и како што сега стојат работите, тие официјално никогаш нема да се вештачат, барем не во постапка која би ја признал судот.

 

  • Документ: КРИВИЧНА ПРИЈАВА, Подносител Социјалдмеократски сојуз на Македонија, ул. Бихачка бр. 8, Скопје, против: 1. Сашо мијалков – директор на Управата за безбедност и контраразузнување при МВР на Р.Македонија, 2. Горан Груевски – началник на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнување при МВР на Р.Македонија, 3. Н.Н. сторители (три страници – кликнете на страниците за преглед):

 001-kp001002-kp001003-kp001

 

 

 

 

 

 

ИЗВОРИ:

Закон за кривична постапка  http://www.slvesnik.com.mk/Issues/BDBF29F810D5E9468FC65FA542B857B3.pdf, [пристапено на 16.02.2016]

Закон за следење на комуникции http://mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/ZAKON_ZA_SLEDEWE_NA_KOMUNIKACIITE.pdf, [пристапено на 17.02.2016]

Кивичен законик http://www.pravda.gov.mk/documents/KZ_precisten_2015.pdf, [пристапено на 17.02.2016]

Прислушуваани разоговори сет 1: треба да се знае кој е власт http://vistinomer.mk/prislushuvani-razgovori-set-1-treba-da-se-znae-koj-e-vlast/, [пристапено на 17.02.2016]

СДСМ поднесе кривични пријави против Сашо Мијалков и Горан Груевски http://plusinfo.mk/vest/14523/sdsm-podnese-krivicni-prijavi-protiv-sasho-mijalkov-i-goran-gruevski, [пристапено на 17.02.2016]

Целото интервју на Зоран Заев кај Латас во дневникот на Сител http://sitel.com.mk/celoto-intervju-na-zoran-zaev-kaj-latas-vo-dnevnikot-na-sitel, [пристапено на 17.02.2016]

Заев: прислушувани биле и функционери и опозиционери http://meta.mk/zaev-prislushuvani-bile-i-funktsioneri-i-opozitsioneri/, [пристапено на 17.02.2016]

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *