Категорија...

Неисполнето

Несиполнети ветувања

Не е изграден кружен тек помеѓу селата Теарце и Слатино

Градоначалникот на Теарце, Исен Асани  во неговата програма „За Општината што ја сакаме” (стр. 3), вети изградба на кружен тек помеѓу селата Теарце и Слатино. Ова негово изборно ветување не е исполнето. Ветениот кружен тек не е изграден и…

Охриѓани не добија нов здравствен дом

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во овој град (април 2019 година), вети изградба на нов здравствен дом во Охрид. Ова ветување на Георгиески е неисполнето. Досега…

Не е направен проект за изградба на нова градинка во Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, меѓу другото, вети и Проект за изградба на нова детска градинка. Ова ветување на Георгиески е несиполнето.

Не е формирана противпожарна единица во Општина Теарце

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за формирање на противпожарна единица на ниво на Општина, дадено  во неговата изборна програма „За општината што ја сакаме” (стр. 3), со која тој го доби третиот мандат на локалните избори…

Младинскиот центар во Желино почна да се гради пред избори

Во предизборната програма на сегашниот градоначалник на Општина Желино, Блерим Сејдиу, во делот Mлади и спорт (стр.3), е дадено ветување за формирање на младински центар во рамките на општината. Културниот дом во рамките на кој треба да…

Не се случи најавената реконструкција на кејот во Охрид

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески во изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид (април 2019 година), вети реконструкција на градскиот кеј. Досега (01.10.2021) не се започнати градежни активности за обновување на…

Не е изградена ветената подземна гаража во Струга

Едно од ветувањата на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, во неговата изборна програма за локалните избори во 2017 година, беше изградба на подземна гаража. Според планираното, најавениот паркинг требаше да биде на два ката, лоциран на…

Општина Бутел не доби нова поликлиника

Ветувањето на градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, за изградба на поликлиника е неисполнето. Иако за ова имаше најави и од локалната самоуправа и од Министерството за здравство, сепак досега (28.09.2021) во оваа скопска…

Карпош не го доби ветениот голем парк со ботаничка градина

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев пред четири години ветија изградба на голем парк во Карпош 4, во кој, меѓу другото, требаше да има и ботаничка градина. Ова ветување дадено пред локалните…

Скопската гимназија „Кочо Рацин“ не доби нова зграда

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во кампањата за локалните избори (октомври 2017г.). вети изградба на нова, модерна, енергетски ефикасна зграда за гимназијата „Кочо Рацин“ во населбата Ѓоре Петров. Ова изборно ветување на Шилегов,…

Скопјани сè уште не добија нов забавен парк

На почетокот на мандтот, неколку месеци по доаѓањето на функцијата, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на граѓаните на главниот град им вети нов луна парк. Ова негово ветувње досега (09.09.2021) не е исполнето. Според најавата на…

Не се поставени механизми за автоматско затворање на влезните врати во училиштата во Општина Теарце

Ветувањето на градоначалникот на Теарце, Исен Асани за инсталација на механизми за автоматско затворање на влезните врати во основните училишта во Општина Теарце, не е исполнето. Ова ветување на Асани  е дадено во неговата предизборна…

Не е изграден кружен тек во Сарај

Ветувањето на  градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за изградба на  кружен тек кај мостот во Сарај,   е неисполнето. Ова ветување на Шилегов е дел од неговата изборна програма, „Живот во Скопје за сите!“ (стр.37),  со којашто ја бараше…

Мостот меѓу Карпош 4 и Злокуќани допрва треба да се гради

Продолжување на улицата „Љубљанска“ со мост преку Вардар во населбата Карпош 4 вети градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во кампањата за локалните избори (октомври 2017г.). Ова ветување на Шилегов, наведено во неговата изборна програма,…

Во Аеродром не е изградена нова гимназија

Ветувањето на градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, за изградба на ново средно училиште, гимназија „Кузман Јосифовски – Питу“,  е неисполнето. Досега (11.08.2021) во Аеродром не е направенa новa…

Не e изграден нов затворен пазар во Струга

Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, во неговата предизборна програма „За Општината што ја сакаме” (стр. 16) со која излезе на локалните избори во октомври 2017 година, вети изградба на нов затворен пазар во Струга. Ова ветување…

Не е изграден ветениот аква парк во Вевчани

Ветувањето на градоначалникот на Вевчани,Сашо Јанкоски за „Изградба на отворен базен и аква парк “, наведено како капитален проект во неговата изборната програма, „Живот во Вевчани за сите!“ (стр.17) со која излезе на локалните избори во…

Не се случи ветеното заживување на езерото Треска

Ветувањето на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов  за „ревитализацијата на спортско-рекреативниот центар „Езеро Треска“ како стратешки приоритет“,  наведено во неговата изборната програма, „Живот во Скопје за сите!“ (стр.16 и стр.27),…