(Видео) Јаневски: Во периодот пред нас ќе станат повидливи ветените проекти

 

Коста Јаневски, градоначалник на Струмица и поранешен пратеник и член на Советот на Општината, изразува умерено задоволство од досега сработеното, пред сè затоа што за да се реализираат проектите мора да се исполнат законските предуслови, а за тоа е потребно време.

 

Интервјуто го водеше: Ване Трајков

Снимател, монтажа и тон: Тане Коџабашиев

 

Запрашан за тоа од што е задоволен од ветеното и текот на реализацијата, во интервјуто, спроведено во рамките на проектот „До отчетни општини преку активни граѓани“, спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“, а поддржан од американската непрофитна фондација NED ( National Endowment for Democracy), Јаневски најбројува повеќе активности, кои тука накратко ги парафразираме:

– Овој период е попасивен, се подготвуваат проектите и тендерските документации. Еден дел од нашите предизборни ветувања се во тек и се движат, а некои и се реализирани, како што е оној за згрижување на кучињата бездомници. Тој проект е доведен до фаза за одобрување за градење

Ги исчистивме и каналите за наводнување, што наиде на одобрување…Имавме бетонирање во Турското маало со потпорен ѕид, исто така потпорен ѕид и на ул.Првомајска, таа активност ја завршивме.

Советот веќе донесе е одлука поврзана за т.н. зелени кровови, со што се достапни одредени комунални олеснувања. Во тек е последната фаза на подготовка за изградба на станица за полнење на електрични возила, со цел да го поттикнеме еколошкиот аспект преку нашиот буџет. Го помагаме и спортот преку поддршка на спортските клубови, но на одреден поправичен начин и преку рамномерно исплаќање на ратите.

 

РАБОТИМЕ НЕ САМО НИЗ ГРАДОТ, ТУКУ И НИЗ НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

Ветивме и реализираме финансиска подршка за новороденчињата….Сега е време и фаза кога не се многу видливи проектите што се реализираат или треба да се реализираат, но работите се во тек, се подготвуваат многу проектни документации и тоа луѓето ќе го видат наскоро, и тоа не само во градот.

Има приклучок на канализацискиот систем во населеното место Добрејци, бараме изведувачи за канализициски системи во Дабиле и Просениково… Јавното осветлување го правиме поефикасно со нови поефикасни светилки и тоа не само во градската средина, сега имаме интервенција во Куклиш, Добрејца….

Мислам дека во наредниот период согледувањата за исполнети ветување ќе бидат уште поубедливи. Знаете имаше ветување со рок за оваа година, некои за наредната година, а некои се прилично опсежни, амбиициозни и комплексни, но јас стојам на тоа дека ќе дадеме сè од себе да ги исполниме 100 процентно.

 

ТЕСТ ПРАШАЊА: НЕ ГЛЕДАМЕ ПОТРЕБА ОД ПОРТПАРОЛ

Во врска со отчетноста, на стандардизираните прашања градоначалникот Јаневски одговори:

  • Портпарол, посебно некое означено лице во Општина Струмица немаме. Сметавме, а и досега така беше, дека можеби и нема некоја потреба од посебно делегирано лице за таа работа. Мислам дека сите наши вработени, вклучително и јас сме достапни и ги коментираме нашите одлуки, даваме изјави….
  • Се јавува на телефон кога го бараат новинарите и претставници на граѓанското општество. Неговиот телефон е десетина години ист, тој број го знаат струмичани и од неговата медицинска пракса, кога активно работел како доктор. Ако некогаш не се јави, пишува пораки и се труди секогаш да одговори што е можно повеќе.
  • Се објавуваат сите одлуки на градоначалникот и на Советот на Општината, во службениот весник на Општината и на сајтот на Општина Струмица
  • Објавена е и административната структура на Општината – раководители на секотри, на одделенија, ги има на веб страната. Објавен е и буџетот на Општината и во Служебен весник и на веб страницата.
  • Вели дека се објавени и проектите и трошоците за истите. Објавени се и на веб – страницата, а преку кварталните извештаи се следат промените, реализацијата на буџетите, процентите и т.н.
  • Објавени се и податоците за трошоците на Општината од типот храна, пијалоци, телефон итн., преку кварталните извештаи… „Имаме и обврска тие трошоци да ги објавууваме и на сајтот на Бирото за јавни набавки“.
  • Записниците од седниците на Советот не се објавуваат. „Меѓутоа седниците се јавни, тие директно се пренесуваат и граѓаните можат да имаат увид. Би можеле да размислиме и запсиниците да ги закачиме на веб -страницата“.
  • Има назначено и лице за информации кои се од јавен карактер и листа на достапни документи.
  • Се објавува и годишната програма за работа и реализацијата, како и трошоците за спроведување на таа програма.

 

Целото интервју  може да го проследите подолу во следниот аудио запис:

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *