Видеонадзор само во некои автобуси на ЈСП

vmro-dpmne-logo

Проект: ВИДЕОНАДЗОР ВО СИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП

Во насока на зголемување на безбедноста во автобусите на Ј СП, Град Скопје ќе постави безбедносни камери во целиот возен парк на Ј СП Скопје, а ќе формира и централна единица што ќе го следи сообраќајот и случувањата во автобусите. (Рок: 2014-2015 година)

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Проектот: „ВИДЕОНАДЗОР ВО СИТЕ АВТОБУСИ НА ЈСП“, градоначалникот  Коце Трајановски го вети во неговата Изборна програма „Нови дела за нов напредок, нови дела за подобро Скопје!“ , (во делот Поефикасен и побезбеден сообраќај и јавен превоз стр.68 ), со која излезе на локалните избори во 2013 година.  Иако, рокот за реализација посочен во програмата на Трајановски (2014-2015)  е поминат, сепак,  досега (14.06.2016) ово ветување е само делумно исполнето.

Во ноември 2013 година од  Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП)  најавија дека ќе набават 50 снимачи наменети за камерите во автобусите, кои дотогаш не снимаа, туку само пренесуваа слика до возачите. Медиумите пренесоа изјава на тогашниот директор  на ЈСП, Мишо Николов, кој информираше дека

Автобусите имаат камери, но немаат снимачи. Во тек е процедурата за набавка на снимачи со кои ќе можеме да ги утврдиме сторителите на инциденти. Сега имаме постапка за набавка на 50 снимачи, кои ќе бидат поставени во автобусите на понебезбедните линии според нашите сознанија. Снимачите ќе ги купуваме во неколку години, затоа што е финансиски товар. (Мишо Николов)

Но­ви­те уре­ди се дел од про­ек­тот на ЈСП и на по­ли­ци­ја­та за на­ма­лу­ва­ње на на­силс­тво­то во ав­то­бу­си­те и за по­диг­ну­ва­ње на свес­та на ма­ло­лет­ни­ци­те за ме­ѓу­себ­но раз­би­ра­ње.

Во февруари 2014 година ЈСП поч­на да ги мон­ти­ра сни­ма­чи­те и во дво­кат­ни­те и во нис­ки­те ав­то­бу­си.  Овие уреди се на­ба­ве­ни од тур­ска­та фир­ма „Кент-карт”, ко­ја обез­бе­ди 35 сни­ма­чи за во дво­кат­ни­те и 15 за во ук­ра­ин­ски­те автобуси.  Тогашниот ди­рек­тор на ЈСП информираше де­ка сни­ма­чи­те ќе се пос­та­ват во си­те ав­то­бу­си со бро­јот 65, ка­ко и на ли­ни­и­те 19, 2, 7 и на уш­те не­кол­ку дру­ги ре­ла­ции ка­де што се ре­гис­три­ра­ни по­ве­ќе ин­ци­ден­ти.

Ве­ќе поч­нав­ме да ги мон­ти­ра­ме сни­ма­чи­те и пла­ни­ра­ме во те­кот на на­ред­ни­те две-три не­де­ли да ги ин­ста­ли­ра­ме си­те (Ни­ко­лов).

Во февруари 2016 година од  ЈСП информираа дека ќе постават камери со снимачи во 100 возила, во рамките на проект  „Опрема за видеонадзор на 100 автобуси и видео и алармен надзор во автобазите и продажните објекти“. Според информацијата што ја пренесоа медиумите

Од претпријатието (ЈСП н.з.) не прецизираа на кои автобуски линии ќе бидат поставени камерите со снимачи.

Според нивната првична процена, реализацијата на проектот ќе чини 12 милиони денари, односно околу 200.000 евра, средства што се обезбедени од претпријатието.

Повикувајќи се на информации добиени од ЈСП, „Дневник“ (22.02.2016)  пренесе дека монтажата на камерите и снимачите ќе биде направена до крајот на годината (2016).

Па, со оглед на тоа што се пробиени изборните проекции за реализација на проектот (2014 – 2015)  и  имајќи предвид  дека камери и снимачи се монтирани на 50 автобуси, а се најавува дека до крајот на 2016 година  вакви уреди  ќе бидат монтирани на уште 100 автобуси (а не на „сите автобуси  на ЈСП“ како што е изборниот проект), ова изборно ветување  го оценуваме како делумно исполнето.

ИЗВОРИ:

 

Оценето од: Оливера Војновска


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија (BTD – The Balkan Trust for Democracy), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, NED или BTD.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *