Владата ги донесе законите за медиуми, се чека на Собранието

Владата на 20 февруари ги усвои измените на медиумските закони Фото: Влада на РМ

 

Донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“. 

[План 3-6-9 на Владата на РМ, рок: март 2018 година]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Владата на РМ во Пакетот на мерки од планот за работа „3-6-9“, во делот на медиумите, наведува дека Владата ќе биде посветена кон создавање услови за целосна независност и професионализација на јавниот радиодифузен сервис (МРТ), и целосна независност и ослободување од какви било влијанија врз регулаторот Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За таа цел, Владата предвидува, да се донесат Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“. Ваквото ветување на Владата е во тек.

Имено, Владата на 55. седница која се одржа на 20.02.2018 година, го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Основна цел на овој предлог закон е департизација и професионализација на јавниот радиодифузен сервис и регулаторното тело, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Суштинските измени што се предлагаат се однесуваат на изборот на управните тела и директори на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија и на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и во однос на финансирањето на работата на МРТ и АВМУ, информираа од владата.

Исто така, како што потенцираа оттаму, на предлог на Министерствотo за информатичко општество и администрација, Владата на истата седница го разгледала и усвоила и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, со основна цел за усогласување со измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Иако Владата минатата недела ги усвои измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми, предлог-законот сè уште не е достапен на интернет страницата на Собранието, за да може јавноста прецизно да се запознае со предвидените измени.

Од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери, во изјава за „Слободен печат“ велат дека предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудио-визуелни медиуми е примен во Собранието и дека ќе биде објавен на интернет страницата.

Имајќи го предвид , може да се заклучи дека ветувањето на Владата за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“, е во тек.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Ана Анастасовска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Оставете реакција