Бизнис- заедницата има 20 дена за доставување забелешки на економските закони

sdsm-logo

 

ВЕТУВАЊЕ: Ќе воведеме постојани канали на комуникација меѓу бизнис-заедницата и Владата. Владата и бизнис-заедницата ќе имаат редовна комуникација за консултации пред измените или носењето на нова регулатива. Бизнисмените ќе можат да укажат на сите недоследности, неусогласености и нелогичности на постојната регулатива. Владата ја презема обврската да ги разгледа и да се произнесе за укажувањата на бизнисмените.

[Извор: Програма на СДСМ за предверемените парламентарни избори во 2016 г. „План за живот во Македонија (стр.62 и стр. 211), датум: ноември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на СДСМ дека ќе воведе постојани канали за комуникација меѓу бизнис-заедницата и Владата е исполнето. Во својата програма за предверемените парламентарни избори во 2016 година: „План за живот во Македонија“, СДСМ  во делот од програмата „Унапредување на деловното опкружување и институционалната рамка“ (стр.62),  напиша дека со бизнис заедницата ќе има редовна комуникација при поодготовката и донесувањето на новите закони, со цел бизнисмените да можат да го кажат своето мислење и да заземат став кој ќе го има предвид Владата при донесувањето на конечната верзија. Ветувањето СДСМ го помести и на страницата 211 од делот на програмата –„План 180° итни реформски приоритети на новата Влада во првите 6 месеци.“

Владата ова ветување на СДСМ го има преземено во својата Програма за работа за периодот 2017 -2020, во делот „Поддршка на домашните претпријатија – Бизнис клима и конкурентност“(стр. 5) и притоа се обврза дека:

Владата и бизнис-заедницата ќе имаат редовна комуникација за консултации пред измените или носењето на нова регулатива. Системски и отворен дијалог со бизнис-заедницата ќе значи и целосна примена на Националниот електронски регистар на регулативи (ЕНЕР). При тоа, ќе се зголеми минималниот број денови за консултација на 20 до 30 дена.

На седницата одржана на 15.08.2017. Владата го усвои Деловникот за изменување на Деловникот за работа на Владата (членот 68-а), со што се зголеми минималниот број денови за консултации на ЕНЕР од 10 на 20 дена. Ставот 4 од изменетиот Закон гласи:

Секоја заинтересирана страна може во единствениот електронски регистар на прописи да достави мислење, забелешки и предлози во врска со објавените предлози за донесување закон, нацртите и предлозите на законите во рок од 20 дена од денот на објавувањето“.

И на веб – страницата на ЕНЕР во делот „за ЕНЕР – правна рамка“ се потврдува дека Владата го продолжи рокот за разгледување на законските измени од страна на заинтерестираните страни на 20 дена.

Владата, меѓутоа, не остана само на промена на Деловникот туку го задолжи нејзиниот економски тим покрај разгледување на ставовите на бизнис – заедницата за законските измани и новите закони да организира и редовни средби со бизнисмените. Во состав на Владата вицепремиерското место за економски прашања му припадна на Кочо Анѓушев кој е предлог на бизнис – заедницата. Тој го води и економскиот тим на Владата.

Во изминатиот период економскиот тим и лично премиерот Зоран Заев имаа директни средби со претставници на бизнис – заедницата за најактуелните реформски закони, но и за економската програма на Владата за кои бизнисмените дадоа забелешки и ваквата работа на Владата ја оценија како поволен амбиент за развој на соработката.

На 9 мај Владата потпиша и посебен Меморандум со четири стопански комори за формално воспоставување јавно приватен дијалог – Стопанската комора , Сојузот на стопански комори, стопанската комора на северозападна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ .

Од Владата изјавија дека целта на меморандумот е градење стабилна и плодна соработка помеѓу Владата и бизнис-заедницата, како и зајакнување на дијалоготот меѓу јавниот и приватниот сектор.

Како Влада што промовира демократско и отворено владеење сметаме дека само енергичен придонес на приватниот сектор во меѓусебниот дијалог, вашето учество во креирањето политики, заложбата кон подобрување на квалитетот на претставувањето на бизнисот и усогласеноста со демократските институции, може да бидат предуслов за добро владеење и одджливи реформски измени.( Заев)

Според исложеното може да се заклучи дека ветувањето на СДСМ за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година дека ќе воведе постојани канали на комуникација меѓу бизнис-заедницата и Владата, е остварено

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *