Владимир Талески: Ќе изградиме нов стадион во Битола

vmro-dpmneЌе бидат изградени три нови трибини, а ќе се реконструира сегашата јужна трибина. Ќе изградиме фудбалски стадион кој Битола од Хераклеја до денес никогаш го немала. Реализацијата на проектот ќе почне од 1 јуни, а најголемата инвестиција и содржини се поврзани со северната трибина која чини околу 4,5 милиони евра, додека вредноста на целиот стадион е околу 8 милиони евра   Рок: [почеток: јуни 2014]

Образложение:

 

На 8 април 2014 година градоначалникот на Битола, Владимир Талески го промовираше проектот за изградба на нов фудбалски стадион под  „Тумбе кафе“, најавувајќи дека неговата реализацијата ќе стартува на први јуни 2014 година.  На заедничката презентација со архитектонското биро „Мегарон-инженеринг“-Скопје,  беше кажано дека  Битола ќе добие модерен стадион за 12.000 гледачи, со 4 трибини и помошни игралишта, кој според стандардите на ФИФА и УЕФА ќе биде класифициран во стадиони од втора категорија и на кој ќе може да настапува и националната сениорска фудбалска селекција.       [Пристапено на: 23.03.2015]

 

Во текот на јуни 2014 година , фудбалските фанови од Битола  преку социјалните мрежи покренаа акција именувана како „Сакаме стадион во Битола“,  која доби на масовност и која ја поддржаа голем број активни и поранешни спортисти од целата држава.    [Пристапено на: 23.03.2015]

 

Во почетокот на октомври 2014 година медиумите информираа дека Општина Битола изготвила техничка документација за изградба и реконструкција на спортско – рекреативен комплекс – Битола, фудбалски стадион за 12.000 гледачи.   [Пристапено на: 23.03.2015]

 

На крајот на октомври 2014 година медиумите објавија дека битолскиот градоначалник, Талески и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Илчо Ѓорѓиоски , потпишале Договор, според кој, ќе се реконструира теренот на битолскиот стадион и ќе се постави природна трева, а исто така е предвидено поставување на рефлектори за ноќни фудбалски натпревари. Овој сегмент од реконструкцијата ќе чини 800 илјади евра, а ќе биде финансиран со средства обезбедени од УЕФА .  [Пристапено на: 23.03.2015]

 

Во јануари 2015 година медиумите информира дека  последните проценки на општинските власти во Битола говорат  дека стадионот, наместо  за 12.000 гледачи, ќе се проширува и надградува за да може да прими најмногу 9.907 гледачи. Предвидено е спортското здание да се гради на четири градежни парцели, кои се дел од урбанистичкиот план за „Тумбе Кафе Битола“. Општината во моментов е во потрага по проектантско биро што ќе го изработи архитектонско урбанистичкиот проект.   [Пристапено на: 23.03.2015]

 

На 21 март 2015 дел од навивачката група на Чкембарите се појавија пред спортската сала во Битола, каде се одржуваше собирот на ВМРО-ДПМНЕ, со транспарент со натпис „Сакаме стадион во Битола“. [Пристапено на: 23.03.2015]

 

Имајќи го предвид сето ова може да се констатира  дека ветувањето „нов стадион во Битола“ е неисполнето.

 

Забелешка:  *Градоначалникот на Битола уште во кампањара за првиот мандат (2009 – 2013) на битолчани им вети  „Реновирање на градскиот стадион Тумбе Кафе по европски стандарди“.

 

Линкови:

 

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција