Владо Димовски: Условите во кои моментално се работи се под секои стандарди, па и пониско

 

Професор Владо Димовски. Фото: РСЕ
Професор Владо Димовски. Фото: РСЕ

 

Македонското образование го допира дното-алармираат просветните работници. Основното  и средното образование во кои учениците  треба да ги  добијат  основните животни и едукативни лекции и знаење  во моментов, велат,  се доведени до најниското  можно ниво од било кога досега, вели професорот  Владо Димовски, член на Наставничкиот пленум во текст објавен во Фактор.мк, на 23 февруари.

Условите во кои моментално се работи се под секои стандарди па и пониско. Во најголем број училишта или  скоро 86 отсто  веќе нема здрав учебник, нема здрав компјутер, некаде за жал и воопшто ги нема, задоцнија  од Кина, нема воопшто интернет и што уште не. Нема е најчестиот збор кој се слуша за образованието – вели професорот Димовски.

 

Образложение

На 07.04.2010 година весникот „Нова Македонија“ објави напис во кој пишува дека владините компјутери од проектот „Компјутер за секој ученик“ и натаму се омилен плен на крадците, кои ја користат секоја шанса да нелегално да влезат во училишните згради од каде што заминуваат со богат плен, носејќи со себе монитори, куќишта, печатачи, глувчиња и тастатури.

Речиси нема основно или средно училиште во земјава што не било посетено од арамии и останало без подарените компјутери уште пред тие да бидат инсталирани. Голем дел кражби и натаму остануваат нерасветлени, а на надлежните единствено што им преостанува е да ги сумираат штетите што според досегашните извештаи воопшто не се за занемарување и изнесуваат околу 20 милиони денари, односно 300.000 евра, стои во текстот.

Во истражување поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП со наслов: КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“ директорот на училиштето „Панче Поповски“во Ростуше и во Неготино биле испорачани околу 2.200 компјутери, а ги примил поранешниот директор.

– Кога дојдов на оваа функција, не најдов ни еден компјутер. Поранешниот директор ми рече дека ги чувал приватно во некој магацин. Кога ги донесе да направиме попис и примопредавање, сигурно беа половина од тие што ги добил. Формирав комисија со информатичари, направивме попис и ги разделив тие што беа употребливи. Другите беа искршени, со испокрадени делови. Сега веројатно има околу 1.000 во употреба. Монитори може да има и повеќе. Знам дека против поранешниот директор има кривична пријава. Не знам од кого. Побарав од Министерството за образование упатства како да ги заштитиме компјутерите од кражби и оштетувања. Ни одговорија – снајдете се. Тука се учи на три јазици во две смени, учениците шетаат од училница во училница за настава, па навистина немавме како да ги заштитиме – вели директорот Адеми.

Во делот „Импровизирана настава“ се вели дека  не само што компјутерите во најголемиот дел училишта воопшто не беа инсталирани, а таму каде што и беа ги крадеа и оштетуваа, туку и електронската настава се уште ја нема. Наставниците што користат компјутери во наставата импровизираат. Најавените софтвери за секој предмет не се набавени.

Во текст во дневниот весник „Вест“ од 23.09.2009 година, пак, е објавено дека владиниот проект за бесплатни учебници нема да се спроведе во средните стручни училишта. Државата ќе даде бесплатни книги само за прва година. За втора, трета и за четврта година средно стручно образование воопшто не ни постојат учебници.

Биљана Димковска, наставник во основното училиште „Крсте Мисирков“ во Куманово испрати отворено писмо до редакцијата на НОВА ТВ во контекст на состојбите во основното и средно образование на 30.1.2015.

Во писмото таа вели:

Неверување заради тоа што очекувавме реформи, а добивме проформи. Дваесет години ние практичарите бараме наставни планови и програми ослободени од непотребни предмети и содржини кои на децата не им даваат слободно време за ништо. Една смена формално образование, втора смена курсеви како дополна на наставните содржини, а навечер пишување и учење за тестови. И сето тоа има заеднички именител-учење на памет и осиромашување на потенцијалите. Им се искривија рбетите од тешки училишни торби и седење со часови во клупа.

На 05.03.2013 година порталот Охридпрес објави дека студентите од домот „Никола Карев“ во Охрид останаа без интернет. Во зградата каде се сместени идните академски граѓани од Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички технологии повеќе месеци нема интернет конекција.

 

Линкови:

Нова Македонија (07.04.2010) Нема училиште во кое не се ограбени компјутерите [Пристапено 24.02.2010]

(http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=47101033109&id=12&setIzdanie=21952)

 

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ „КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ“ [Пристапено 24.02.2010]

(http://i-scoop.org/fileadmin/download_files/computers.orig..pdf)

 

Вест (23.09.2009) 65.000 СРЕДНОШКОЛЦИ УЧАТ ОД СКРИПТИ [Пристапено 24.02.2010]

(http://www.vest.mk/?ItemID=42385753E740C242A2EE2B18DFF923E1)

 

НОВА ТВ (30.01.2015) Отворено писмо од наставник Биљана Димковска: На што да ги учиме сега децата? [Пристапено 24.02.2010]

(http://novatv.mk/index.php?navig=8&vest=19850&cat=6)

 

Охридпрес (05.03.2013) Нема интернет за студентите информатичари во домот „Никола Карев“[Пристапено 24.02.2010]

(http://www.ohridpress.com/index.php/ohrid/5921-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%BD%D0%B5%D1%82-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%83%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B8%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B8%D1%87%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%82-%E2%80%9E%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%B2%E2%80%9C.html)

 

Оценил: Владо Ѓорчев