ВМРО-ДПМНЕ: Адаптација на галерискиот простор во Демир Капија

Адаптацијата на просторот во Домот за култура „Мирка Гинова“ ќе придонесе за заживување на активностите од областа на ликовната уметност во регионот. Галерискиот простор ќе ги стимулира сите млади уметници за реализација на низа изложби и претставувања во овој град. Буџет: 450.000 денари. Носител: Дом на културата „Мирка Гинова“. [Рок: 2012 година]

Образложение:

Ветувањето е неконкретно бидејќи никаде не се наведува што точно ќе се реновира/адаптира со предвидениот буџет, ниту пак на кој начин ќе се стимулираат младите уметници од тој регион да ги изложуваат своите дела. Дополнително, заклучно со дадениот рок, нема информации дека е направено адаптирање на просторот.

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција