ВМРО-ДПМНЕ: Амбуланти во руралните средини

До крајот на 2011 во следните 7 населени места ќе се реализира изградбата на нови амбуланти: село Катланово – Скопје; село Локвица – Македонски Брод; село Манастирец – Македонски Брод; село Црн Врв – Скопје; село Мало Коњаре – Прилеп; село Трсино – Виница; село Калуѓерица – Радовиш. Амбулантите ќе бидат со големина од околу 80 м2 и ќе содржат: ординација за матичен лекар, соба за интервенции, просторија за вакцинација и патронажна служба, чекална и санитарни јазли. Со заокружувањето на изградбата на овие амбуланти до крајот на 2011, заокружени се потребите на критичните оддалечени рурални подрачја, со што е постигнат ефект на доближување на системот на примарна здравствена заштита до населението.Со трансформацијата на приватната здравствена заштита голем број на руралните амбуланти кои се повеќе од 50, посебно во малите села останаа празни и во нив не се врши здравствена дејност, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се насочи кон ревитализирање на празните и напуштени амбуланти во руралните средини и кон реконструкција исанација на постојните стари објекти. Носител: Министерство за здравство. [Рок: 2014 година]

Образложение:

Во рамки на овој проект отворени се повеќе здравствени домови, односно амбуланти во руралните средини низ Македонија. Дел од нив се: амбулантата во с. Мерово, с. Трсино, с. Шекљани, с. Калишта, с.Копаница, с. Кривогаштани. Во Отчетот на Владата 2011-2014 може да се најде целосната листа на отворени амбуланти.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција