ВМРО-ДПМНЕ: База на податоци за децентрализација и регионален развој

Ќе креираме база на податоци која ќе ги опфаќа: сите плански документи за развој кои се донесени на национално и регионално ниво, сите лица задолжени за планирање на развојот во институциите на национално и регионално ниво, сите стручни лица (експерти) што имаат определена специјалност од развојната политика,  детална ажурирана финансиска матрица за поврзување на сите развојни програми/ проекти на национално ниво со обезбедени/планирани извори на финансирање и следење на реализацијата. [Рок: 2015 година*]

Образложение:

Нема достапни информации за формирање на оваа база. Исто така, во Отчетот, овој проект не е наведен во делот на спроведени или проекти во тек.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Оценето од: Марија Теговска