ВМРО-ДПМНЕ: Брана Луково Поле и Корабски Довод

Вкупната инвестиција е проценета на 62 милиони евра, а со прифаќањето на Светска банка да го финансира овој проект во висина од околу 45 милиони евра, неговата изведба стана реалност. Овој проект ќе обезбеди собирање на дополнителни количини на вода од Шарскиот и од Корабскиот басен и нивно користење за производство на дополнителни 130 GWh електрична енергија од постојните електрани во Мавровскиот систем. Според предвидената динамика треба да се започне со реализација во првата половина на 2012 година и во целост ќе се реализира до крајот на 2015 година. [Рок: 2015]

Образложение:

И покрај тоа што првичните најави беа дека градежните работи ќе започнат во првата половина на 2012 година, заклучно со март 2014 година изградбата на браната Луково Поле сеуште не е започната. Според последните информации во тек е изработката на Основниот проект и на Студијата за влијанието врз животната средина, кои треба да бидат готови до април 2014 година. Потоа, изградбата би требало да започне по одобрувањето на проектот од страна на Светската банка. Со оглед на тоа дека веќе се доцни две години со почетокот на градежните работи, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција