ВМРО-ДПМНЕ: Делница Куманово – Бељаковце

Поради тоа што започнатата изградба на пругата на Коридорот 8 во 1994 година е прекината во 2004 година и истата не е во целост изградена, ниту инвестициски одржувана, делницата Куманово-Бељаковце во моментов е не-функционална, односно истата не се користи. Со реализацијата на овој проект ќе се обнови функционалноста на пругата, со што ќе се придонесе за подобрување на можностите за транспорт и превоз. Оваа делница во должина од 29 километри се протега на територијата на општина Куманово и поминува во близина на местата Куманово, Шупли Камен, Клечовце и Бељаковце. Средствата во износ од околу 30 милиони евра се планира да се обезбедат од меѓу-народни финансиски институции, ЕИБ и ЕБОР. [Рок: 2012 – 2020 година]

Образложение:

Во текот на месец декември 2013 година, беше потпишан договор со германската компанија “Вибе”, која треба да работи на изградбата на железничкото поврзување помеѓу Куманово и Бељаковце. Најавено беше изградбата да започне во текот на март, 2014 година а да заврши во 2018 година. Информации за започнувањето на изградбата во текот на месец март нема.

Ветувањето за сега не е исполнето и бидејќи рокот за исполнување го надминува и регуларниот мандат на Владата тоа се оценува како недоследно.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска