ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Каде беа мерните станици за загадување на воздухот во ваше време?

Мерни станици во февруари 2006 г. Извор: Управа за хидрометеоролошки работи.

СДСМ упорно бега од одговорот на прашањето каде беа мерните станици за загадувањето на воздухот од нивно време. СДСМ треба на јавноста да ѝ одговори зошто не може да се направат споредби со периодот пред 2006 година за ефектите од мерките што се преземаат. Дали СДСМ може да наброи еден проект на Љубомир Јанев и на Зоран Шапуриќ познат како министерот кој потона во малите поплави, кои служеа како нивни министри за животна средина? Граѓаните не памтат – бидејќи такви проекти немаше. За потсетување, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1 април 2014 година. Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз протек на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и за целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација

 

[Извор: Мета, датум: 6.12.2015 ]

 

Образложение:

 

На ваквото соопштение на владејачката партија,  истиот ден (06.12.2015) демант испрати ЛДП:

Либерално-демократската партија воопшто не е изненадена од обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја замајува јавноста со лаги и невистини за тоа како не се виновни што загадувањето на воздухот достигнува драматични размери, а тие не прават ништо тоа да се спречи. Вистината е на наша страна затоа што фактите говорат дека сите мерни станици, (со исклучок на една), кои работат во Р. Македонија, се набавени од владата на СДСМ и ЛДП, во периодот 2003-2006 година, кога на чело на Министерството за животна средина беа токму Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ од ЛДП. Благодарејќи на овие мерни станици, граѓаните денеска имаат податоци за тоа каков воздух дишат.                         [Пристапено на 10.12.2015]

 

Дневниот весник „Вечер“ на 08.04.2005 година објавил текст во кој информира дека во центарот на Скопје, поточно во дворот на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методи”, била пуштена во работа нова автоматска мониторинг станица за мерење на загадувањето од сообраќајот во градот.  Како што стои во овој напис од 2005 година:

За изминативе две години ( 2003 -2005 г.) таа е единаесетта по ред инсталирана, а претставува дел од пошироката програма раководена од Европската агенција за реконструкција, во вредност од два милиони евра. Таа е една од 13 фиксни, односно вкупно 16 мониторинг станици во државата                [Пристапено на 10.12.2015]

 

На страницата на Управат за хидрометеоролошки работи на картата за тоа каде се мери загаден воздух, стојат 13-те мерни станици и датумот: 24.02.2006 година.                     [Пристапено на 10.12.2015]

 

Во Законот за квалитетот на амбиеталниот воздух од 2004 години е предвидено:

Член 40

Мерни станици и мерни места

Следењето на квалитетот на амбиентниот воздух се врши преку мерни станици и мерни места за :

  1. мерења на позадинското загадување (состојба со квалитетот на амбиентниот воздух во ненаселени подрачја);

  2. мерења на прекуграничен пренос на загадувачки супстанции;

  3. мерења во врска со меѓународните обврски на државата и

  4. мерења на загадувањето на амбиентниот воздух на подрачја на национални паркови, паркови на природата, заштитени подрачја, чувствителни еколошки системи, како и културно и природно наследство и мерење на загадувањето на амбиентниот воздух во населби и индустриски подрачја.    [Пристапено на 10.12.2015]

 

Македонскиот информативен центар за животна средина, уште во август 2006 година пишува за

Редовно одржување и сервисирање на мерните инструменти и останатата опрема од 15 автоматски мониторинг станици.                                      [Пристапено на 10.12.2015]

 

Од сето ова може да се заклучи дека  наводите во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, дека до 2006 година немало ниту една мерна станица за загадување на воздухот, се невистинити.

 

 

Линкови:

 

 

Оценето од: Владо Ѓорчев

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција