ВМРО-ДПМНЕ: Добивање одобрение за сеча

Ќе ги поедноставиме постапките за добивање одобрение за сеча на сопствениците во приватните шуми и олеснување на постапките за транспорт, особено за помали количини дрвна маса за сопствени потреби. [Рок: април 2012]

Образложение:

Уште во мај 2011 година, од страна на вицепремиерот Пешевски е најавено олеснување на постапките за добивање одобрение за сеча во приватните шуми и во транспортот на дрвна маса. Сепак, според информациите од теренот, новите правила не само што не придонесоа кон поедноставување на постапката, туку всушност го усложнија целиот процес. [Ажурирано на: 03.05.2012]

Дополнително, нема измени на Законот за шумите во овој изборен период преку кои би се олесниле постапките за добивање одобрение за сеча. [Ажурирано на: 16.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција