ВМРО-ДПМНЕ: Доизградба на клучката Брвеница

ВМРО-ДПМНЕДоизградбата на оваа клучка ќе значи целосно имплементирање на сообраќајното решение предвидено со проектот Автопат Скопје–Тетово. Со оваа клучка ќе се подобри комуникацијата за населението од Брвеница кон Тетово. Вредност на проектот се проценува на 700 илјади евра, а средствата се планира да бидат обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок: ноември 2012 година]

Образложение:

Од месното население  кое живее во Брвеница добивме информација дека клучката од Брвеница кон Тетово се уште не е изградена.

Како дополнителена поткрепа за оценката на ова ветување е фактот дека тендерот за изградба на клучка на патот Гостивар-Тетово е објавен на 14 декември 2012 година, а понудите се примаат до 12 февруари 2013 година во 13 часот, датум кој го надминува предвидениот рок за завршување на ветеното. Според тендерот објавен од страна на  Агенцијата за државни патишта времетраењето на изградбата треба да изнесува 36 месеци од потпишување на договорот.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција