ВМРО-ДПМНЕ: ECDL обуки

Оваа мерка опфаќа сертифицирање на невработените лица и лицата со инвалидност со сертификатот European Computer Driving Licence (ECDL). Тоа е европски признат сертификат за ИКТ-писменост, со кој се гарантира дека сопственикот поседува знаење за вршење на основните задачи на компјутер според ECDL-стандарди. Министерството за информатичко општество ќе аплицира со проект до Европската унија за финансирање на обуки и сертификати за 10.000 граѓани на Република Македонија. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 950.000 евра. [Рок: јануари 2015]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година овој проект сеуште не е реализиран. Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 109, проектот не е реализиран поради тоа што приватниот сектор сè уште нема обезбедено и воведено услови за ECDL-обуки и сертификација. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција