ВМРО-ДПМНЕ: Електронска апликација за јавно наддавање

Овој софтвер се изработува во соработка со УСАИД и истиот ќе биде применуван од страна на општините согласно со Законот за градежно земјиште. Со ова ќе се овозможи поголема транспарентност во управувањето со градежното земјиштето, целосно елиминирање на човечкиот фактор, како начин да се намалат можностите за коруптивно дејствување. [Рок: декември 2011]

Образложение:

По измената на Законот за градежно земјиште според кој, од јули 2011 година управувањето со градежното земјиште е во надлежност на општините, продажбата на земјиштето почна да се одвива по електронски пат. ЗЕЛС во соработка со УСАИД обезбеди софтверски систем со чија помош јавното надавање ќе се одвива по електронски пат. За таа цел секоја општина има одреден број на сертифицирани лица кои ќе ја водат оваа постапка.

Со тоа ова ветување е исполнето.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција