ВМРО-ДПМНЕ: Електронска проверка на знаењата на учениците

Ќе воведеме систем за следење на напредувањето на постигнувањата на учениците и проверка на стекнатите знаења. Тоа подразбира дека секоја учебна година ќе се прави евалуација на успехот на сите ученици по електронскипат. Резултатите нема да влијаат врз оцените на учениците, односно на нивниот успех, но ќе претставуваат дополнителен критериум за запишување во средното и во високото образование. Целта на проектот е учениците да се мотивираат за стекнување на знаења и вештини, а не само за добивање високи оценки, а на наставниците да им обезбедиме услови за непристрасно и објективно оценување, без притисоци, согласно со поставените стандарди и критериуми за оценување. Резултатите од проверувањето на постигањата на учениците ќе бидат значајни за кариерниот развој на наставниците и добар индикатор за потребите од советодавно-стручна поддршка. Носител: Министерството за образование и наука, Државниот испитен центар. Буџет: 30 милиони денари. [Рок: 2015 година]

Образложение:

Елктронската проверка на знаењето на ушениците по пат на екстерно тестирање е спроведена во 2013 година. Во 2012 година во Октомври и Декември беа направени тестови за работата на софтверот и за ефикасноста на тетстовите.

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција