ВМРО-ДПМНЕ: Електронско плаќање на административни такси

vmro-dpmne-logo

Овозможување граѓаните да можат освен на досегашниот начин, да ги платат административните такси и преку мобилен телефон или со платежни картички преку Интернет. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 10.000 евра. [Рок: јуни 2012]

Образложение:

Проектот е започнат во 2009 година, со цел административните такси за улогата на Министерстзо за внатрешни работи – издавање на патни исправи, возачка дозвола – да може да се уплатат преку мобилен телефон. Во 2011 година е создадена мобилна апликација (Android, Blackberry и iPhone), со име „Таксена марка“, која овозможува плаќање на таксени марки преку мобилен телефон.

Не постојат информации за можноста административните такси да се плаќаат со платежни картички преку Интернет.

Проектот е предвиден во стратегијата за е-Влада 2010-2012 на Министерството за информатичко општество.

Овој проект е споменат и во отчетот на работењето на Владата за 2011-2012 (заклучно со 20.07.2012), каде е наведено дека овој проект се уште е во фаза на реализација (стр. 88).

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *