ВМРО-ДПМНЕ: Користење на водните ресурси на реката Бошава

Преку моделот на јавно-приватно партнерствто, во соработка со општината Неготино, доколку се јави заинтересиран инвеститор, ќе извршиме целосно искористување на водните ресурси на реката Бошава. Ќе направиме реконструкција на постојниот зафат, канал и цевководен тунел, и по текот на овој систем ќе се изградат четири нови мали хидроцентрали со инсталирана моќност од 5,6 МW и годишно производство од 17 GWh. Со овој проект ќе се овозможи дополнителни 150 литри вода во секунда за пиење за општините Кавадарци, Неготино и Росоман, со што ќе прекинат моменталните секојдневни рестрикции на вода од по неколку часа. Дел од водата ќе се користи и за технолошки потреби, а со зголемените количини на вода ќе се создадат услови за ново и подобрено наводнување на дел од Висорамнината Витачево, на вкупно 2.200 хектари земјиште. [Рок: почеток на проектот во првата половина на 2012]

Образложение:

Со потпишување на договор за јавно-приватно партнерство помеѓу Водостопанство „Тиквеш“, „Турбо институт“ од Словенија и КА „Хидро“ во мај 2012 година, означен е почетокот на овој проект. [Ажурирано на: 04.07.2012]

На 16 март 2013 година започна реконструкцијата на хидро – системот „Бошава“. [Ажурирано на: 23.04.2013]

Реконструкцијата на каналската мрежа и изградбата на хидроцентралите се предвидува да завршат до крајот на 2014 година [Ажурирано на: 06.04.2014]

Според ова, проектот започнал во најавениот рок (прва половина на 2012 година), реконструкцијата на хидро-системот е во тек, па може да се каже дека ветувањето:Користење на водните ресурси на реката Бошава“ е делумно исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција