ВМРО-ДПМНЕ: Либерализација на ветеринарните услуги

Целосна либерализација на ветеринарните услуги – подобра и поевтина услуга за сточарите. Ветеринарните услуги ќе ги направиме подостапни за сточарите преку слободен избор на ветеринарното друштво врз основа на меѓусебен договор и без спроведување на какви било претходни тендерски постапки и ограничување на бројот на вклучени ветеринарни станици. Носител на активноста е Агенцијата за ветеринарство и храна. [Рок: декември 2011]

Образложение:

На седница на Владата од ноември 2011 година разгледана е информацијата од Агенцијата за храна и ветеринарство со која се предлага воведување либерализација на ветеринарните услуги, при што е заклучено да се пристапи кон подготовка на соодветни законски измени кои ќе ја вклучат таа реформа. Сепак, заклучно со април 2012 година, вакви измени на законот сè уште не се донесени. [Ажурирано на: 19.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција