ВМРО-ДПМНЕ: Локални акциски групи

Ќе го поддржиме формирањето на Локални акциски групи составени од претставници на локалната самоуправа, бизнис-секторот и од невладиниот сектор за подготовка и спроведување на мерки што произлегуваат од потребите на локалната заедница. Имплементацијата на оперативните програми на овие групи ќе биде поддржана со висок степен на кофинансирање преку програмите за рурален развој. [Рок: 2012 – 2015]

Образложение:

Заклучно со март 2014 година овој проект сеуште не е реализиран. Според Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија за периодот од 2011 до 2014 година, страна 130, оваа мерка ќе биде реализирана како мерка од програмата ИПАРД, и за тоа се започнати подготовки. Ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 02.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција