ВМРО-ДПМНЕ: Мобилни даночни шалтери

Ќе формираме мобилни канцеларии (опремени комбиња-канцеларии), со кои УЈП ќе биде присутна во секое населено место, со што граѓаните нема да имаат потреба да патуваат до најблиската организациска единица на УЈП за исполнување на даночните обврски. На тој начин се намалуваат времето и трошоците на фирмите за пријавување и плаќање даноци. Ова е посебно значајно за малите компании во помалите места каде УЈП нема подрачни единици и шалтери. [Рок: декември 2011]

Образложение:

Иако најавени дека ќе почнат да функционираат, мобилните даночни шалтери се уште не се пуштени во употреба, во помалите места низ Р. Македонија

Потврда за тоа е Отчетот на Владата на Р. Македонија, каде што е наведено дека овој проект е во завршна фаза, иако според рокот поставен во ветувањето требаше да биди завршен во декември 2011 година.

Управата за јавни приходи од 1 ноември 2012 воведе мобилни даночни шалтери. Услугата е овозможена во 12 општини: Аеродром, Бутел, Кривогаштани, Долнени, Карбинци, Зрновце, Сарај, Ѓорче Петров, Пласница, Осломеј, Конче и во Лозово. Сепак оцената на ветувањето не се променува, бидејќи таа е дадена по завршување на рокот, кој во тој момент беше пробиен.  [Ажурирано на 27.11.2012, со помош од читател на Вистиномер]

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска


Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција