ВМРО-ДПМНЕ: Модернизација на Граничната полиција

Ќе продолжиме со модернизација на Граничната полиција и инвестиции во материјално-техничко опремување со високософистицирани средства за надзор на границата (термални камери со долг домет, системи за проверки на патни исправи и документи, опрема за проверка на возила и товар, апарати за детектирање радијација) и усвојување нови оперативни процедури и координација со соседните служби за заедничкото покривање на граничната линија. [Рок: континуирано]

Образложение:

Преземени се поголем број на активности во насока на модернизација на Граничната полиција, меѓу кои реконструкција и реновирање на полициските станици за надзор на границата, набавка на шест теренски возила со оптички систем за надзор на државната граница (термални камери), заедничко патролирање (мешани патроли) со граничните служби на Бугарија, Косово, Албанија и на Србија, пуштени се во употреба Заедничките контакт центри за полициска соработка Ќафасан и Табановце, како и потпишување на Договор меѓу Македонија и Косово за основање и функционирање на Заеднички контакт- центар (ГП Блаце), и други активности. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2012]

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција