ВМРО-ДПМНЕ: Набавка на логички игри и сложувалки за градинките

Преку поддршка од буџетот, ќе се зголеми фондот за набавка на логички игри и сложувалки за градинките во целата земја. Со ова, ќе го стимулираме развивањето на аналитички способности кај децата од најмала возраст. На овој начин. Уште во предучилишната возраст ќе го стимулираме логичкото размислување и ќе помогнеме во создавање на нација подготвена да се справи со предизвиците на новото време. Надлежна институција: Министерството за труд и социјала. [Рок: 2012 – 2014]

Образложение:

Според информациите од министерството за труд и социјална политика, во 2012 година биле одвоени 300 000 денари за набавка на логички игри за градинките. [Ажурирано на: 06.05.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Мкаедонија земја на еднакви можности“, за проектот „Опремување со логички игри во детските градинки“, е наведено:

Во 2012 и во 2013 година со логички игри опремени се 583 групи во јавни општински детски градинки.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција