ВМРО-ДПМНЕ: Надградба на железничката станица во Скопје

Со реализацијата на овој проект се предвидува воведување на современи системи за сигнализација и за информи-рање на патниците, како и зголемена безбедност и сигурност. Исто така, со овој проект на патниците им се олеснува пристапот до станицата и до пероните. Посебно внимание ќе се посвети на луѓето со специјални потреби на кои ќе им се олесни пристапот до објектот и во него. Проектот во вредност од 3 милиони евра ќе се финансира со средства од европските ИПА-фондови и Буџетот. [Рок: март 2012 – октомври 2013]

Образложение:

Во текот на месец јули 2013 година, од страна на Министерството за транспорт и врски беше најавено дека е објавен тендер со цел да се најде изведувач на проектот за реконструкција на железничката станица. Според Министерот за транспорт и врски реконструкцијата треба да биде завршена во 2015 година. Рокот кој што е наведен во ветувањето за овој проект, е дека првиот дел од проектот односно, тендерската документација, изборот на изведувач и финансиската конструкција требаше да се завршат во текот на месец март 2012 година, додека пак реконструкцијата на железничката станица требаше да биде завршена во октомври 2013 година.

Линкови: