ВМРО-ДПМНЕ: Наградување на државните службеници
Воспоставување на модел за наградување и мотивација на државните службеници базиран на резултатите од работењето. Овој модел опфаќа користење на парични и непарични стимуланси за наградување и мотивација во работењето. [Рок: 2012 – 2015]
Образложение:
Овој модел за наградување и мотивација на државните службеници базиран на резултатите од работењето е воведен со новите законски решенија од областа на државната администрација, односно Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, кои беа донесени во февруари 2014 година. Сепак примената на овие законски решенија беше одложена за една година од нивното донесување, што значи дека и примената на овој модел за наградување и мотивација е одложена. Според тоа, ова ветување се оценува само како делумно исполнето. [Ажурирано на: 05.04.2014]
Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.
Линкови:
- Pravo.org.mk: Закон за административни службеници. [Пристапено на: 05.04.2014]
- Pravo.org.mk: Закон за вработените во јавниот сектор. [Пристапено на: 05.04.2014]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар