ВМРО-ДПМНЕ: Обуки за основни ИТ-вештини

Покрај мерките за унапредување на ИТ-способностите и вештините преку формалниот образовен процес, се предвидува и спроведување на обуки за креирање на основни ИТ-вештини за повозрасни и други лица, кои немале можност да се стекнат со вакви способности претходно, а особено во текот на нивното формално образование. Обуките ќе опфаќаат основни курсеви за работа со компјутери, интернет, е-пошта, користење на пакетот Microsoft Office, итн. Оваа мерка ќе биде континуирано спроведувана за секој граѓанин кој навремено ќе се пријави на овие обуки. Очекуваме над 100.000 граѓани на Република Македонија да поминат низ овие обуки. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 100.000 евра. [Рок: 2011 – декември 2015]

Образложение:

Според најавите од Министерство за информатичко општество и администрација, новите обуки за основни ИТ-вештини ќе започнат од 1 јануари 2012 година. [Ажурирано на: 29.11.2011]

На почетокот на декември 2011 година беше објавен конкурсот за пријавување за бесплатна обука за користење на компјутери. Според известувањето на медиумите, со обуките е започнато во јануари 2012 година. [Ажурирано на: 13.04.2012]

Според информациите од министерството за информатичко општество и администрација, со првите обуки одржани во периодот јануари-јуни 2012 година биле опфатени 492 лица. [Ажурирано на: 23.04.2013]

На 4 март 2013 година објавен е нов конкурс за бесплатна обука на граѓаните за работа со компјутери. [Ажурирано на: 23.04.2013]

На 9 август 2013 година објавен е нов конкурс за бесплатна обука на граѓаните за работа со компјутери. [Ажурирано на: 10.09.2013]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција