ВМРО-ДПМНЕ: Обуки за возрасни лица

Спроведувањето на ИТ-курсеви за возрасни лица би било насочено кон користење на социјални алатки за комуникација преку е-пошта преку Интернет, други електронски услуги од интерес за постарите луѓе, како и основни компјутерски вештини. Носител: Министерството за информатичко општество и администрација. Буџет: 65.000 евра. [Рок: 2012 – јануари 2015]

Образложение:

Овој проект се реализира во рамките на проектот за бесплатни обуки на граѓаните во Интернет клубовите. Според информациите од Министерството за информатичко општество и администрација, со овие обуки досега биле опфатени 4500 граѓани. Ова ветување се оценува како исполнето. [Ажурирано на: 04.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција