ВМРО-ДПМНЕ: Одделение за осудени лица во рамките на „Бардовци“
Ќе се изгради Одделение – стационар за осудени лица, во рамките на Болницата за нервни и душевни болести „Бардовци“, со кој ќе се обезбедат потребните услови (материјални, просторни и кадровски), за соодветен психијатриски третман на осудениците и притворениците кои имаат ментални здравствени проблеми. [Рок: 2011 – 2014]
Образложение:
Нема информации дека досега е започната изградбата на ново Одделение – стационар за осудени лица, во рамките на Болницата за нервни и душевни болести „Бардовци“. [Ажурирано на: 17.04.2013]
Оценето од: Дејан Димитриевски
*засега неисполнето
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар