ВМРО-ДПМНЕ: Oдржување и зачувување на природните богатства на Охрид

Со цел зачувување на традицијата на македонската култура и воопшто на епитетот на земјата „Бисер на Балканот“, се стремиме кон одржување и зачувување на природните богатства на Охридското Езеро и на градот Охрид. За таа цел започнавме со изградба на Светиклиментовиот универзитет, кој ќе биде целосно завршен до 2014 година со комплетно осветлување на Свети Јован Канео и со проширување на патот покрај езерото. Исто така, до крајот на годината се очекува да пристигне и отворениот двокатен автобус, кој ќе се користи за спроведување на туристички тури за запознавање со градот и културните убавини со кои располага.

Образложение:

Изградбата на Светиклиментовиот универзитет е во тек и заклучно со март 2014 година сеуште не е завршена. Во декември 2012 година Владата на Република Македонија донесе одлука да му подари на градот Охрид еден двокатен автобус од отворен вид. Автобусот беше официјално пуштен во употреба во мај 2013 година. Ова ветување се оценува како делумно исполнето. [Ажурирано на: 06.04.2014]

Забелешка*: Како краен рок за исполнување на ветувањето е земен април 2014 година, бидејќи тој месец истекува мандатот на владата.

Линкови:

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција