ВМРО-ДПМНЕ: Откупно-дистрибутивни центри со цел полесно привлекување на странски инвеститор

vmro-dpmne-logo

Ќе изградиме два откупно-дистрибутивни центри со цел полесно привлекување на странски инвеститор заради нивна натамошна продажба или изнајмување во регионите каде е сконцентрирано поголемо производство на овошје или зеленчук и има сериозна потреба за капацитети за складирање и чување, а интересот за приватни инвестиции е сè уште недоволен. Подготвителните активности за Ресенскиот откупен центар, како обезбедување на градежна парцела, истражување на теренот и подготовка на техничка документација се во завршна фаза, по што започнуваат градежните работи. Вториот откупно-дистрибутивен центар се планира да се гради во Валандово, доколку за Валандово се најде заинтересиран приватен инвеститор за таков центар. Во тој случај, локацијата на вториот државен откупно-дистрибутивен центар ќе биде на друго место. [Рок: март 2011 – 2015]

Образложение:

Во јули 2012 година, од страна на министерството за транспорт и врски беше објавен оглас за оттуѓување на градежно земјиште за изградба на откупно – дистрибутивни центри за земјоделски производи во Валандово и Ресен. [Ажурирано на: 14.04.2013]

На крајот на февруари  2014 година во индустриската зона „Макази“ кај Ресен беше ставен камен темелник за изградба на современ откупно- дистрибутивен центар за складирање и преработка на јаболка. Инвестицијата е на компанијата „Аппле ланд“, чии основачи се бизнисмени од Дубаи. Инвеститорите планираат објектот да го изградат до крајот на август годинава со цел да ја пресретнат идната сезона на берба на јаболката. [Ажурирано на: 10.04.2014]

Заклучно со април 2014 година нема информации за изграба на откупно дистрибутивен центар во Валандово (или на друга алтернативна локација). [Ажурирано на: 10.04.2014]

Според тоа, ветувањето изградба на  два откупно дистрибутивни центри за овошје и зеленчук е неисполнето.

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *