ВМРО-ДПМНЕ: Отворање на земјоделски факултет
Постојните земјоделски факултети ќе отворат дисперзирани студии во Кавадарци
Образложение:
Отворени се дисперзирани студии на Земјоделскиот и на Природно-техничкиот факултет од Универзитетот „Гоце Делчев” во Кавадарци. Отворени се две насоки: за енологија и за компјутерски дизајн во нови простории во Ученичкиот дом „Крсте Мисирков” во Кавадарци, кој за оваа цел е реновиран.
Линкови:
- Министерство за образование и наука. Отворени нови дисперзирани студии на Штипскиот универзитет во Кавадарци. [Пристапено на: 22.05.2011]
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар