ВМРО-ДПМНЕ: Овозможување субвенциите да се користат за обезбедување на кредити

vmro-dpmne-logo

Ќе им се овозможи на земјоделците средствата од субвенциите да ги користат за обезбедување на кредитите, со тоа што корисниците на кредите ќе можат побарувањето на субвенции од АФПЗРР да го приложат како обезбедување кон банките. [Рок: декември 2011]

Образложение:

Според официјалниот документ на Владата на РМ, Речено – Сторено: Отчет за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери 2011-2012, иницирана е постапката за формирање на меѓуресорска група со релевантните институции со цел да се разгледа начинот на спроведување на оваа активност. Со оглед на тоа дека рокот за спроведување на оваа мерка е истечен, а ваква мерка се уште не е спроведена, ова ветување се оценува како неисполнето. [Ажурирано на: 10.09.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *