ВМРО-ДПМНЕ: Патен правец од Село Џепиште до граница со Албанија

Со изградбата на овој потег во должина од 1,3 км и ширина на коловоз од 6 метри ќе се обезбеди пристап до граница со Албанија, односно ќе се создадат услови за нормално функационирање на граничниот премин Џепиште–Требиште. Овој пат ќе овозможи населените места во Дебарско да имаат подобро поврзување со пограничните населени места во Албанија. Вредноста на проектот е 460 илјади евра, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок: декември 2011 година]

Образложение:

Патниот правец од селото Џепиште до границата со Р.Албанија, е пуштен во употреба во октомври 2011 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција