ВМРО-ДПМНЕ: Патен правец Скијачки центар Кожуф – Гевгелија

Оваа делница, на потег од местото Смрдлива Вода до Скијачкиот центар Кожуф во должина од 17 км и ширина на коловоз од 6 метри претставува врска помеѓу општината Гевгелија и скијачките терени на локалитетот Кожуф. Овој патен правец е од големо значење за развој на туризмот во овие планински предели. Вредноста на проектот е 7 милиони евра, а средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија. [Рок: октомври 2011 година]

Образложение:

Комплетното алфалтирање на патниот правец до скијачкиот центар Кожуф, е завршено на 17 октомври 2011 година.

Во линковите може да погледнете видео од тоа како изгледал патот во ноември 2011 година.

Линкови:

Оценето од: Марија Теговска

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

2 Реакции
  1. Bitolcanec :

    Во ред е тоа што се прави, но зошто патот за Пелистер во Битола е катастрофа? Национален парк со ендемичното дрво Молика, ски стази, се запустено,ни хотели, ниту инвеститори има, а можи да биди екстра туристичко место … Покрај толку високи даноци, и давачки кон државата, треба да се инвестира и во други градови, а не само во Скопје, како главен град.

  2. Bitolcanec :

    Исто така, патот Битола – Прилеп треба реконструкција, Битола – Ресен, Ресен – Охрид, .. и многу други ….