ВМРО-ДПМНЕ: Политика на отворени врати за иселениците

Ќе продолжиме со политиката на отворени врати кон успешните Македонци од дијаспората и нивното вклучување во општествено-политичкиот живот во земјава. Со цел да го олесниме враќањето на нашите иселеници во татковината, потпишавме Договори за социјално осигурување со Австралија и со Канада. Со овие договори се олеснува патот за стекнување на правото на пензија по неколку основи со исполнување на зацртаните услови. Во наредниот мандат ќе продолжиме со активностите за склучување на слични договори и со другите држави каде што живеат и работат нашите иселеници. [Рок: 2011 – 2015]

Образложение:

Според информациите од Владата на РМ, досега договор од овој тип е потпишан со Република Косово, во завршна фаза се преговорите со Данска и Албанија, додека се иницирани преговори и со Франција, Словачка и Нов Зеланд. [Ажурирано на: 11.04.2013]

Во Отчетот за сработеното на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 2011-2014, во делот „Македонија земја на еднакви можности“, за проектот „Договори за социјално осигурување “ е наведено:

Во изминатиот период склучени се договори за социјално осигурување со следните земји: Австралија, Црна Гора, Канада, Косово, а потпишан е договор за изменување и дополнување на Договорот со Словенија. Договори кои се парафирани, а се чека нивно потпишување се договорите со Унгарија и со Италија. Покренати се постапки за склучување на договори во 2012 и во 2013 година со Франција, Словачка и со Шведска.

Може да се каже дека ветувањето: „Политика на отворени врати за иселениците“ е исполнето

Линкови:

Оценето од: Оливера Војновска