ВМРО-ДПМНЕ: Помал надворешен долг

Во следните четири години ќе продолжиме со предвремена отплата на неповолните кредити со кои не задолжија нашите претходници. Нашата цел е да биде Македонија земја со низок јавен надворешен долг.

Образложение:

Според податоците на народната банка Бруто надворешниот долг расте од 2008 година до 2010, период за кој има објавено податоци. Па така, во 2008 година надворешниот долг на државата изнесувал две милијарди и 841 милион евра, наредната година бил три милијарди и 304 милиони евра, а во 2009 БНД достигнал дури три милијарди и 780 милиони евра. Последниот податок објавен од Народната банка покажува дека надворешниот долг е поголем од четири милијарди евра и овој податок се однесува за периодот од третото тромесечје на 2010 година. Расте задолженоста и во однос на Бруто домашниот производ, па така ако задолженоста кон странство на држава изнесувала 49,2 отсто во 2010 тој процент изнесувал 56,6 отсто.

Во март 2011 година Владата позајми 220 милиони евра од ММФ, што е дел од нова серија задолжувања кон меѓународните финансиски институции за кои ФИООМ процени  дека изнесувале вкупно 374.400.812 евра за периодот од 20 февруари до 1 април 2011 г.

Линк

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција