ВМРО-ДПМНЕ: Помош за самохраните родители со деца со пречки во развојот

За самохраните родители што имаат и деца со пречки во развојот или физички хендикеп, значително ќе ја зголемиме финансиската помош која ја добиваат од државата, со цел тие средства да бидат доволни за покривање на сите животни потреби во семејството. Со тоа ќе овозможиме целосна посветеност на родителот на потребите на своето дете. Надлежна институција: Министерството за труд и социјална политика. [Рок: 2012 – континуирано]

Образложение:

Финансиската помош за нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот за 2011 година изнесувала 4364 денари, а во 2012 година 4800 денари. Постои зголемување од 436 денари, што сепак не може да се оцени како значително зголемување, како што е нагласено во ветувањето. Според тоа, ова ветување се оценува како делумно исполнето за 2012 година. [Ажурирано на: 20.12.2012]

Линкови:

Оценето од: Дејан Димитриевски

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција