ВМРО-ДПМНЕ: 35 спортски сали

Со изградбата на спортските терени низ целата територија на Република Македонија ќе им овозможиме на сите оние што сакаат да се занимаваат со спорт и спортски активности, а досега немале соодветни услови за тоа, да можат да спортуваат. Ова е најдбар начин младите да ги оттргнеме од пороците на современото живеење, и да ги насочиме кон реализација на нивниот спортски дух и соодветно изградување на своите спортски таленти.Од проектот „35 спортски сали“ досега се изградени и пуштени се во употреба спортски сали во: Валандово,Чешиново-Облешево, Пехчево, Македонски Брод, Илинден, Брвеница, Свети Николе, Ѓорче Петров 1, Ѓорче Петров 2,Гази Баба, Бутел 1, Бутел 2, Берово, Ново Село, Боговиње-жеровјане,Штип, Куманово, Кисела Вода 1, Кисела Вода2, Липково-Слупчане, Пробиштип-Злетово,Центар, Битола, Сарај, Кичево, Демир Хисар, Тетово-Порој, а започнав-ме со изградба на спортската сала воÈцентар – ОуÈ„11 Октомври“.Во текот на 2011 година ќе продолжиме со изградба на останатите 7 спортски сали и тоа: Маврово-Ростуше, Струмица, Крива Паланка,Чаир,Центар -УКИМ, Гази Баба 2, Центар – Дом за деца „11 Октомври“. Дополнително ќе инвестираме и во изградба на 2 нови спортски сали на локации на Водно и во Тетово (Државен универзитет Тетово- ДуТ).Во рамките на овој проект, планираме да ги санираме и да ги ставиме во функција постојните спортски сали, при што во 2011, ова ќе го започнеме преку реконструкција на спортските сали во Охрид – Велгошти и Смилево. [Рок: 2013 година]

Образложение:

Проектот за изградба на  35 Спортски сали во повеќе општини во Република Македонија требаше целосно да биде реализиран до крајот на 2013 година. Според последните информации достапни до јавноста, како и од информациите од Отчетот на Владата за саработеното 2011-2014 година, досега се изградени 32 спортски сали, и се очекува до крајот на 2015 година да бидат пуштени во употреба и последните 4 сали од проектот. Спортски сали се отворени во општините: Македонски брод, Пехчево, Демир Хисар, Маврово-Ростуше, Крива Паланка, Струмица, Свети Николе, Чешиново Облешево, Гази Баба, КУманово, Кисела Вода, Валандово, Ѓорче Петров 1 и 2, Бутел 1 и 2, Штип, Брвеница, Тетово, Илинден, Берово,Боговиње,Кисела вода 1 и 2, Пробиштип, Кичево, Липково Центар-ФФК, Сарај, Битола, Чаир, ОУ 11 Октомври.

Линкови:

Оценето од: Наталија Пешиќ

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција

1 Реакција
  1. абаз ерол :

    ,,Со изградбата на спортските терени низ целата територија на Република Македонија ќе им овозможиме на сите оние што сакаат да се занимаваат со спорт и спортски активности, а досега немале соодветни услови за тоа, да можат да спортуваат,, Добра е идејата на владата само што има спортска сала во која не може да се игра фудбал ,забрането е да се игра фудбал во салата М.А.Ченто во Маџари(со одлука ) и цената за еден термин од 60 мин.е 1000 денари за сите други спортови .Владата само ги фали салите а во нив ние младите не можеме ни да придеме тоа е само реклама.